Wi-Fi звучник во вид на лента
Поврзување на ТВ

Sound Bar Quick Guide

Поврзување со оптички кабел

Пренесете го аудиото од вашиот телевизор на производот така што ќе го поврзете со телевизорот со оптички кабел. Може да додавате различни 3Д ефекти на оригиналното аудио за да ја исполните собата со длабок, богат звук.

Гледање телевизија по поврзувањето со оптички кабел

  1. a Ако терминалот на дигиталниот кабел има капак, прво извадете ги капаците од двата краја.

17798.png

17796.png

  1. b Со користење оптички кабел, поврзете го терминалот OPTICAL IN на задниот дел на производот со терминалот Optical Digital Output (OPTICAL OUT) на телевизорот како што е прикажано на сликата.

17813.png

17810.png

  1. c Притискајте го копчето Функција14417.png неколку пати додека не светне првото ЛЕД светло бело помеѓу трите ЛЕД светла.

17828.png

17826.png

  1. d Притиснете го копчето Поставки на далечинскиот управувач за ТВ за да влезете во менито [Звучник] и поставете ги надворешните звучници на [Оптички] или [Надворешен звучник]. Поставките и ставките во менито може да се разликуваат во зависност од производителот на телевизорот.

17179.png

17174.png Забелешка

  • Ако оптичкиот влезен сигнал и ARC сигналот се обидуваат да се поврзат во исто време, ARC сигналот ќе има приоритет.

Кога користите LG телевизор

Може да ја прилагодувате јачината на звукот со далечинскиот управувач за LG телевизор ако телевизорот е поврзан со производот со оптички кабел. Тоа може да го направите само на телевизор кој ја поддржува функцијата Синхронизација на звук на LG телевизор. Проверете го корисничкото упатство за телевизорот да видите дали вашиот телевизор поддржува.

Функции кои може да се контролираат со далечински управувач за LG телевизор

Јачина на звук, исклучување/вклучување звук

17150.png

17144.png Забелешка

  • Кога го користите производот со далечински управувач за LG телевизор, статусот за јачина на звук и исклучување звук поставен на телевизорот автоматски ќе се применува на производот.
  • Вие може да го користите далечинскииот управувач на производот дури и откако ќе го поврзете на LG телевизор.
  • За да користите LG Sound Sync, можеби ќе треба да ги смените поставките за звук на телевизорот. Тоа може да се разликува во зависност од телевизорот.