БЕЗЖИЧЕН ЗВУЧНИК ВО ВИД НА ЛЕНТА
Монтирање

Sound Bar Quick Guide

Поврзување на производот

Може да уживате во побогат звук со поврзување на звучната лента на безжичниот сабвуфер.

Автоматско поврзување на безжичниот сабвуфер

По завршување на инсталирањето, безжичниот сабвуфер автоматски ќе се поврзе со звучната лента. Поврзете ја звучната лента со сабвуферот по следниот редослед.

  1. a Приклучете го кабелот за напојување на безжичниот сабвуфер.
  2. b Приклучете го кабелот за напојување кој е поврзан на безжичниот сабвуфер во приклучница.
  3. c Приклучете го кабелот за напојување во AC адаптер за наизменична струја.
  4. d Поврзете го кабелот на AC адаптерот за наизменична струја во DC IN (влез на АС адаптер за наизменична струја) терминалот на задниот дел на производот.
  5. e Приклучете го кабелот за напојување кој е поврзан на AC адаптерот за наизменична струја во приклучница.

12484.png

12476.png

12474.png

  1. f Кога поврзувањето е автоматски воспоставено, ќе видите како LED на задниот дел на безжичниот сабвуфер ќе светне зелено.

12518.png

12529.png Забелешка

  • Уверете се дека го користите доставениот AC адаптер за наизменична струја. Користењето други AC адаптери за наизменична струја може да доведе до неправилно работење и ќе ја поништи гаранцијата на производот.

Проверка на поврзувањето со LED на задниот дел на безжичниот сабвуфер

Може да го проверите статусот на поврзувањето со погледнување на LED на задниот дел на безжичниот сабвуфер.

LED боја

Статус

Трепка зелено

Поврзувањето е во тек

Зелено

Успешно поврзано

Црвено

Лошо поврзување, или сабвуферот е во подготвеност

Исклучено

Кабелот за напојување не е поврзан

Рачно поврзување на безжичниот сабвуфер

Ако видите црвено LED на задниот дел на безжичниот сабвуфер, тоа значи дека звучната лента не е поврзана со сабвуферот. Ако е ова случај, поврзете ги по следниов редослед.

  1. a Притиснете го копчето Напојување6117.png на звучната лента за да ја исклучите.
  2. b Притиснете го копчето PAIRING на задниот дел од безжичниот сабвуфер. Проверете дали LED на задниот дел на сабвуферот трепка зелено. Ако сѐ уште гледате црвено LED на безжичниот сабвуфер, притиснете го и задржете го копчето на задниот дел на сабвуферот повторно.

12541.png

12539.png

  1. c Притиснете го копчето Напојување6149.png на звучната лента за да го вклучите.
  2. d Кога поврзувањето е воспоставено, ќе видите како LED светлото на задниот дел на безжичниот сабвуфер ќе светне зелено.

12577.png

12593.png Забелешка

  • Инсталирајте ја звучната лента колку што е можно поблиску до безжичниот сабвуфер. Колку е помало растојанието помеѓу звучната лента и безжичниот сабвуфер, толку е подобар квалитетот на звукот.
  • Осигурете се дека нема пречки помеѓу звучната лента и безжичниот сабвуфер.
  • За да спречите безжична интерференција, одржувајте растојание од најмалку 1 м помеѓу звучната лента или безжичниот сабвуфер и кои било периферни уреди кои генерираат силни електромагнетни бранови (пр. безжични пренасочувачи, микробранови печки и сл.).

12559.png