Sound Bar Quick Guide
Поврзување со HDMI кабел
Можете да го пренесувате аудиото од вашиот телевизор на производот така што ќе го поврзете телевизорот на производот со HDMI кабел. Додавајте различни 3Д ефекти на оригиналното аудио за да ја исполните собата со длабок, богат звук.
Гледање телевизија по поврзување со HDMI кабел
- a Со користење на HDMI кабел, поврзете го HDMI OUT (TV ARC) терминалот на задниот дел од производот со HDMI IN (ARC) терминалот на телевизорот како што е покажано на сликата.
- b Притиснете го неколку пати копчето Функција додека не се појави “OPT/HDMI ARC” на екранот за статус.
- c Притиснете го копчето Поставки на далечинскиот управувач за ТВ за да влезете во менито [Звучник] и поставете го надворешниот звучник на [HDMI ARC]. Поставките и ставките во менито може да се разликуваат во зависност од производителот на телевизорот.
- d Кога телевизорот е превилно поврзан со производот, “ARC” ќе се појави на екранот за статус.
|
Забелешка |
|
SIMPLINK
- SIMPLINK се однесува на функцијата HDMI-CEC која ви овозможува да користите еден далечински управувач за ТВ за лесно да работите со аудио уред или репродуктор поврзан на LG телевизор преку HDMI.
- Функции кои може да се контролираат со SIMPLINK-компатибилен далечински управувач за LG телевизор: Вклучување/исклучување, контрола на јачина на звук, вклучување/исклучување звук и сл.
- За повеќе информации во врска со тоа како да поставите SIMPLINK, консултирајте го корисничкото упатство за LG телевизор.
|
Забелешка |
|
Поврзување на надворешен уред