Sound Bar Quick Guide
Поврзување на производот
Може да уживате во побогат звук со поврзување на звучната лента на безжичниот сабвуфер.
Автоматско поврзување на безжичниот сабвуфер
По завршување на инсталирањето, безжичниот сабвуфер автоматски ќе се поврзе со звучната лента. Поврзете ја звучната лента со сабвуферот по следниот редослед.
- a Приклучете го кабелот за напојување кој е поврзан на безжичниот сабвуфер во приклучница.
- b Приклучете го кабелот за напојување во AC адаптер за наизменична струја.
- c Поврзете го кабелот на AC адаптерот за наизменична струја во DC IN (влез на АС адаптер за наизменична струја) терминалот на задниот дел на производот.
- d Приклучете го кабелот за напојување кој е поврзан на AC адаптерот за наизменична струја во приклучница.
- e Кога поврзувањето е автоматски воспоставено, ќе видите како LED на предната страна на безжичниот сабвуфер ќе светне зелено.
|
Забелешка |
|
Проверка на поврзувањето со LED на предната страна на безжичниот сабвуфер
Може да го проверите статусот на поврзувањето со погледнување на LED на предната страна на безжичниот сабвуфер.
LED боја |
Статус |
Трепка зелено |
Поврзувањето е во тек |
Зелено |
Успешно поврзано |
Црвено |
Лошо поврзување, или сабвуферот е во подготвеност |
Исклучено |
Кабелот за напојување не е поврзан |
Рачно поврзување на безжичниот сабвуфер
Ако видите црвено LED на предната страна на безжичниот сабвуфер, тоа значи дека звучникот во вид на лента не е поврзан со звучниците. Ако е ова случај, поврзете ги по следниов редослед.
- a Притиснете го копчето Напојување на звучната лента за да ја исклучите.
- b Притиснете го копчето PAIRING на задниот дел од безжичниот сабвуфер. Проверете дали LED на предната страна на сабвуферот трепка зелено. Ако сѐ уште гледате црвено LED на безжичниот сабвуфер, притиснете го и задржете го копчето на задниот дел на сабвуферот повторно.
- c Притиснете го копчето Напојување на звучната лента за да го вклучите.
- d Кога поврзувањето е воспоставено, ќе видите како LED светлото на предната страна на безжичниот сабвуфер ќе светне зелено.
|
Забелешка |
|
Поставување опкружувачки звук
Функцијата опкружувачки звук ви овозможува да слушате сеопфатен 3D звук произведен од повеќе аудио канали од звучниците, без оглед на каналите во оригинално снимената содржина.
На пример, ако слушате музика снимена на 2.0 канали со стандардни звучни ефекти, може да ја слушнете следнава разлика.
Кога опкружувачкиот звук е исклучен
Кога опкружувачкиот звук е вклучен
|
Забелешка |
|
Вклучување/Исклучување опкружувачки звук
- a Притиснете го копчето Поставки. Производот влегува во режим на поставки и може да видите “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER”.
- b Додека “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER” се лизга на екранот за статус, притиснете го копчето Лево/Десно да изберете поставка за опкружувачки звук. Може да го видите статусот на опкружувачкиот звук, “OFF-SURROUND” или “ON-SURROUND”.
- c Додека “OFF-SURROUND” или “ON-SURROUND” се лизга на екранот за статус, притиснете го копчето Нагоре/Надолу за да го вклучите или исклучите опкружувачкиот звук.
Звук на звучник заснован на влезни канали
Звучни ефекти |
Влез |
Излез |
AI SOUND PRO Звук прилагоден со вештачка интелигенција |
2.0 канали |
|
5.1 канали или повеќе |
|
|
STANDARD Можете да уживате во подобрениот звук. |
2.0 канали |
|
5.1 канали или повеќе |
|
|
MUSIC Подобрен звук со MERIDIAN технологија |
2.0 канали |
|
5.1 канали или повеќе |
||
CINEMA Кинематски 3D звук |
2.0 канали |
|
5.1 канали или повеќе |
||
DTS VIRTUAL : X Звук со сеопфатно и кинематско опкружување |
2.0 канали |
|
5.1 канали или повеќе |
||
CLEAR VOICE Чист звук на глас, го подобрува квалитетот на звукот на глас |
2.0 канали |
|
5.1 канали или повеќе |
||
SPORTS Реален звук како на стадион |
2.0 канали |
|
5.1 канали или повеќе |
||
GAME Оптимизиран звук за игра |
2.0 канали |
|
5.1 канали или повеќе |
|
|
BASS BLAST (BASS BLAST+) Звук со засилен бас |
2.0 канали |
|
5.1 канали или повеќе |
Истражување на производот