Wi-Fi звучник во вид на лента
Поврзување на ТВ

Sound Bar Quick Guide

Поврзување со HDMI кабел

Можете да го пренесувате аудиото од вашиот телевизор на производот така што ќе го поврзете телевизорот на производот со HDMI кабел. Додавајте различни 3Д ефекти на оригиналното аудио за да ја исполните собата со длабок, богат звук.

Гледање телевизија по поврзување со HDMI кабел

  1. a Со користење на HDMI кабел, поврзете го HDMI d TV (eARC / ARC) терминалот на задниот дел од производот со HDMI IN (ARC) терминалот на телевизорот како што е покажано на сликата.

20156.png

20154.png

  1. b Притиснете го неколку пати копчето Функција4569.png додека не се појави “OPT/HDMI ARC” на екранот за статус.

15638.png

15636.png

  1. c Притиснете го копчето Поставки на далечинскиот управувач за ТВ за да влезете во менито [Звучник] и поставете го надворешниот звучник на [HDMI ARC]. Поставките и ставките во менито може да се разликуваат во зависност од производителот на телевизорот.
  2. d Кога телевизорот е превилно поврзан со производот, “ARC” или “E-ARC” ќе се појави на екранот за статус.

14926.png

14920.png Забелешка

  • E-ARC поддржува аудио со висок квалитет како на пример DTS-HD Master Audio™, DTS:X®, Dolby TrueHD и Dolby Atmos®.
  • Ако сакате да користите Dolby Atmos® или DTS:X®, поврзаниот уред и неговата содржина треба да поддржуваат Dolby Atmos® или DTS:X®.
  • Уверете се дека телевизорот ја поддржува функцијата eARC пред да го вклучите eARC од менито Поставки. За повеќе информации во врска со тоа како да ја користите оваа функција, погледнете го корисничкото упатство за телевизорот. Поставките може да се разликуваат во зависност од телевизорот.
  • Користете сертифициран кабел со логото HDMI.

SIMPLINK

15661.png

14906.png

14901.png Забелешка

  • Функцијата SIMPLINK може да не работи правилно во зависност од статусот на производот или други поврзани уреди.
  • HDMI-CEC карактеристики од производителот на телевизорот: LG SIMPLINK, Sony BRAVIA Sync/Link, Philips EasyLink, Samsung Anynet+ и др.

Користење WOW Orchestra со LG телевизорот

Комбинацијата на LG саундбар звучник и LG телевизор ви го овозможува најдоброто звучно искуство така што репродуцира звук паралелно од двата уреда.

Оваа функција автоматски се активира кога саундбар звучникот е поврзан со телевизорот и може да го изберете на менито за репродуцирање звук прикажано на телевизорот.

23011.png

23002.png Забелешка

  • Достапно на некои модели LG телевизор и soundbar-звучник.
  • Работи според аудио кодекот поддржан од телевизорот.
  • Оваа функција може да работи само со поврзување со HDMI кабел и LG WOWCAST врска.
  • Не заборавајте да го овозможите e-ARC на телевизорот.
  • Пораките што се прикажуваат на телевизорот може да се разликуваат во зависност од моделот.
  • За повеќе детали за поставките, прочитајте во упатството за употреба на телевизорот.