Sound Bar Quick Guide
Поврзување паметен телефон со звучник преку Bluetooth
Може да репродуцирате нумери или да активирате музичка апликација на Bluetooth уред и да уживате во звуците преку звучникот.
Прво проверете го следното.
- Спецификациите на Bluetooth звучникот се следните:
- Верзија на Bluetooth: 5.1
- Bluetooth кодек: SBC, AAC
- Овој производ поддржува Bluetooth уреди како паметни телефони и лаптопи. Како да ги поврзете уредите со звучникот може да се разлликува во зависност од типовите и моделите на уредот. За информации за тоа како да го поврзете уредот, погледнете го корисничкото упатство за надворешниот уред кој треба да се поврзе.
Изберете го менито [Bluetooth] на екранот Поставки на паметниот телефон. Начинот на пристап до менито може да се разликува во зависност од производителот и моделот на паметниот телефон.
- a Притиснете го копчето Напојување на звучникот за да го вклучите. LED светлото за Bluetooth ќе почне да трепка.
- b Допрете на копчето Поставка ( / ) на паметниот телефон и изберете Bluetooth.
(Android телефон)
(iPhone)
- c Вклучете ја функцијата Bluetooth. (Исклучено > Вклучено)
- d Ќе видите листа на поврзливи уреди на екранот на паметниот телефон. Најдете и допрете на “LG-XG7Q (XX)".
- e Откако звучникот и паметниот телефон ќе се поврзат преку Bluetooth, Bluetooth LED светлото ќе се вклучи со звукот.
- f Ако LG-XG7Q (XX) не се појави на листата, допрете на иконата Освежи на Android телефон или рестартирајте Bluetooth на iPhone.
(Android телефон)
(iPhone)
- g Изберете и репродуцирајте нумера на паметниот телефон.
|
Забелешка |
|