Sound Bar Quick Guide
Спречување погрешна употреба на производот
За да спречите погрешна употреба на производот, задолжително прочитајте ја содржината во продолжение.
Мерки на претпазливост при поставување на производот
- Не поставувајте го производот на нестабилно место или место што вибрира, како на пример нестабилна полица или накосена површина. Поставете го производот на цврста и нивелирана површина.
- Во спротивно, производот може да падне или да се преврти и да предизвика повреда.
- Ако го поставите производот на нестабилна површина, може да не функционира правилно.
- Ако го поставите производот на парче мебел или полица, погрижете се долниот преден дел на производот да не стрчи. Секогаш користете парче мебел или полица што одговара на димензиите на производот.
- Во спротивно, производот може да ја изгуби рамнотежата и да падне, предизвикувајќи повреда или оштетување на производот.
- Поставете го производот на безбедно место. Во спротивно, децата може да се удрат во некој раб на производот и да се повредат.
- Поставете го производот на место каде што нема електромагнетни пречки, за да функционира правилно.
- Ако го поставите производот на место што не ги исполнува општите услови за употреба, може да дојде до неочекуван проблем со квалитетот. Затоа, задолжително прво контактирајте го сервисниот центар пред да го поставите производот на такво место.
- Не чувајте го производот на место каде што температурата е премногу висока (над 40 °C) или премногу ниска (под 5 °C) или на место со премногу влажност.
- Избегнувајте места изложени на директна сончева светлина или топлина, на пример, во близина на грејач. Не користете и не чувајте запаливи спрејови или супстанции во близина на производот.
- Во спротивно, постои ризик од експлозија или пожар.
- Не поставувајте го производот на место каде има преголема влажност, прашина или чад.
- Во спротивно, може да дојде до пожар или електричен удар.
- Не поставувајте го производот во тесен простор, како што е внатрешноста на полица за книги, каде нема добро проветрување. Не покривајте го производот со чаршав за маса или завеса.
- Во спротивно, може да се зголеми температурата на производот, предизвикувајќи дефект или пожар.
- Поврзете го приклучокот за напојување на производот во штекер кој е лесно достапен.
- Кога ќе дојде до пожар или друг проблем во производот, мора да можете брзо да го извадите приклучокот за напојување.
- Не поврзувајте повеќе производи на еден штекер истовремено.
- Во спротивно, може да предизвика прегревање, што резултира со пожар.
Мерки на претпазливост при користење на производот
- Не подигнувајте и не поместувајте го производот додека работи.
- Во спротивно, може да дојде до дефект.
- При поместување на производот, извадете го кабелот за напојување, како и сите кабли поврзани со производот.
- Во спротивно, може да дојде до пожар или електричен удар.
- Веднаш престанете да го користите производот ако забележите чад или чуден мирис. Во овој случај, веднаш исклучете го напојувањето, исклучете го приклучокот и контактирајте го сервисниот центар.
- Користењето на производот во оваа ситуација може да резултира со пожар или електричен удар.
- Не ставајте метални предмети како што се монети и шноли или запаливи предмети како хартија и кибритчиња во производот. Погрижете се да пренесете на сите деца да не го прават тоа.
- Во спротивно, може да дојде до дефект.
- Ако во производот е вметната туѓа супстанца, исклучете го приклучокот и контактирајте го сервисниот центар.
- Не ставајте тешки предмети врз производот.
- Во спротивно, може да се преврти или да падне, предизвикувајќи повреда.
- Погрижете се на производот да не се закачуваат да висат деца и да не се качуваат врз него.
- Во спротивно, производот може да се преврти или да падне, предизвикувајќи повреда. Погрижете се да пренесете на сите деца да не го прават тоа.
- Извадете го приклучокот за време на грмотевици.
- Во спротивно, може да дојде до пожар.
- Не ставајте садови со течност, како што се вазна, тенџере, козметика или лек, врз производот.
- Во спротивно, може да дојде до пожар, електричен удар или повреда поради падот итн.
- Погрижете се цврсто да го поврзете приклучокот за напојување. Не користете напон што е поинаков од номиналниот напон наведен на производот.
- Небезбедна врска може да доведе до пожар.
- Не вметнувајте проводник, како на пример стапчиња за јадење, во жлебот од другата страна на производот додека приклучокот е приклучен на штекер. Не допирајте го приклучокот веднаш откако ќе го исклучите од штекерот.
- Во спротивно, може да дојде до електричен удар.
- Приклучокот фаќајте го само со суви дланки.
- Во спротивно, може да дојде до електричен удар.
- Не поместувајте и не туркајте го производот држејќи некој кабел од него, како што е кабелот за напојување.
- Кабелот може да се оштети и да предизвика дефект или да доведе до пожар или електричен удар.
- Кога отстранувате кабел што е вклучен во производот, погрижете се да го држите конекторот на крајот од кабелот. Не држете го самиот кабел.
- Во спротивно, може да дојде до повреда или производот може да падне и да предизвика дефект.
- Не чувајте го производот на место изложено на топлина, на пр., во близина на грејач.
- Во спротивно, може да дојде до пожар или дефект.
- Не расклопувајте, поправајте и не менувајте го производот.
- Во спротивно, може да дојде до дефект, што ќе резултира со пожар, електричен удар или повреда.
- Чувајте ги пластичните обвивки подалеку од дофат на мали деца.
- Во спротивно, малите деца може да се задушат од пластичните обвивки.
- Не испуштајте предмети врз производот и не удирајте го. Чувајте го производот подалеку од места со силни вибрации или магнети.
- Не оштетувајте, модифицирајте, свиткувајте, извртувајте и не загревајте го кабелот за напојување.
- Во спротивно, може да се оштети кабелот за напојување, што ќе доведе до пожар или електричен удар.
- Кога не го користите производот подолг период, како на пример кога не сте дома, исклучете го кабелот за напојување од штекерот.
- Ако се акумулира прашина, може да предизвика топлина, што може да доведе до електричен удар или пожар поради краток спој.
- Не фрлајте ги потрошените батерии заедно со обичниот отпад. Фрлете ги одвоено.
- Во спротивно, постои ризик од експлозија или пожар.
- Не користете производи под висок напон околу овој производ. (на пр. електрична тепалка за муви)
- Производот може да се оштети од струен удар.
- Не допирајте го приклучокот веднаш откако ќе го исклучите од штекерот.
- Во спротивно, може да дојде до електричен удар.
- Поврзете го приклучокот за напојување во заземјен штекер или продолжен кабел. (Ова не важи за производи без заземјување.)
- Во спротивно, може да дојде до дефект или електричен удар поради краток спој.
- Во случај на производ со отвор за вентилација, ако производот е вклучен подолго време, тоа може да доведе до загревање на отворот. Не допирајте го отворот за вентилација додека е врел. Топлината не претставува грешка на производот и не предизвикува никаков дефект. Значи, можете да го користите производот без да се грижите.
- Не оштетувајте го кабелот за напојување, адаптерот за наизменична струја или приклучокот за напојување. Не ставајте тешки предмети врз кабелот или адаптерот за наизменична струја.
- Во спротивно, може да дојде до пожар или електричен удар.
- Ако на игличките на приклучокот, адаптерот за наизменична струја или штекерот има прашина, целосно избришете ги.
- Во спротивно, може да дојде до пожар.
- Во случај на производ со кабел за напојување или адаптер за наизменична струја, користете само оригинални кабли за напојување и адаптери за наизменична струја што ги обезбедува LG Electronics.
- Во спротивно, може да дојде до пожар или електричен удар.
- Ако користите слушалки, не зголемувајте ја јачината на звукот премногу гласно и не користете ги подолг период. [Ова важи само за модели што поддржуваат слушалки]
- Во спротивно, тоа може негативно да влијае врз вашата способност за слух.
- Софтверот на овој производ може да се ажурира со помош на апликацијата LG Sound bar. Не исклучувајте го напојувањето на производот додека го ажурирате софтверот. Откако ќе заврши ажурирањето, напојувањето на производот автоматски ќе се исклучи.
- Ако го исклучите напојувањето на производот додека се ажурира софтверот, тоа може да предизвика дефект на производот.
Следново се однесува само на модели со далечински управувач
- Не дозволувајте деца да ракуваат со далечинскиот управувач. Чувајте го далечинскиот управувач подалеку од дофат на мали деца.
- Не дозволувајте деца да го ставаат далечинскиот управувач во уста. Погрижете се децата да не го проголтаат капакот на далечинскиот управувач или батеријата. Ако детето голтнало нешто од тоа, веднаш консултирајте се со лекар.
- Внимавајте децата да не згазат на капакот на далечинскиот управувач и да се повредат.
- Отстранете ги пречките помеѓу производот и далечинскиот управувач за далечинскиот управувач да функционира непречено.
Следново се однесува само на модели што користат оптички дискови
- Не вметнувајте рака во дискот и не извлекувајте насилно.
- Погрижете се децата да не ги вметнуваат рацете во дискот.
Следново се однесува само на модели што овозможуваат да се гледа видео
- Воздржете се од гледање 3D видеа ако не сте спиеле доволно или откако сте пиеле алкохол.
- Некои 3D видеа може да ги изненадат или возбудат луѓето.
- Ако некој од следниве симптоми се појави додека гледате видео, веднаш престанете да го гледате и одморете се.
- Ако некој од симптомите продолжи, консултирајте се со лекар. Вртоглавица, чувство на печење на очите или лицето, несвесно движење, грч, замаглена свест, конфузија, дезориентација, гадење.
- Може да доживеете симптом како што е напад кога гледате одредена слика во видео или игра или, пак, видео со одреден шаблон или трепкачки светла. Ако вие или некој од вашите роднини имате историја на епилепсија или напади, консултирајте се со лекар пред да гледате.
- Кога гледате 3D видео, од вашето опкружување отстранете ги предметите што се кршливи или можат да предизвикаат повреда.
- Ако згрешите и помислите дека некое 3D видео е реално или ако го придвижите телото со изненадување, вие или вашите роднини кои се близу вас може да се повредите или, пак, предметите во ваша близина може да се оштетат.
Мерки на претпазливост при чистење на производот
- Не прскајте вода директно на производот кога го чистите.
- Во спротивно, може да дојде до пожар или електричен удар.
- Кога го чистите производот, задолжително прво извадете го кабелот за напојување и лесно избришете ја површината на производот со сува крпа. Не користете хемикалии или детергенти кога го чистите производот. Ова може да ја оштети површината на производот или да ја излупи бојата од него (бензен, алкохол, итн.).
Пред да пријавите неправилно работење на производот