БЕЗЖИЧЕН ЗВУЧНИК ВО ВИД НА ЛЕНТА
Монтирање

Sound Bar Quick Guide

Поврзување на производот

Може да уживате во побогат звук со поврзување на звучната лента на безжичниот сабвуфер.

Автоматско поврзување на безжичниот сабвуфер

По завршување на инсталирањето, безжичниот сабвуфер автоматски ќе се поврзе со звучната лента. Поврзете ја звучната лента со сабвуферот по следниот редослед.

  1. a Приклучете го кабелот за напојување на безжичниот сабвуфер.
  2. b Приклучете го кабелот за напојување кој е поврзан на безжичниот сабвуфер во приклучница.
  3. c Поврзете го кабелот на AC адаптерот за наизменична струја во DC IN (влез на АС адаптер за наизменична струја) терминалот на задниот дел на производот.
  4. d Приклучете го кабелот за напојување во AC адаптер за наизменична струја.
  5. e Приклучете го кабелот за напојување кој е поврзан на AC адаптерот за наизменична струја во приклучница.
  6. f Притиснете го копчето Напојување12418.png на звучната лента за да го вклучите.

10425.png

6906.png

4645.png

  1. g Кога поврзувањето е автоматски воспоставено, ќе видите како LED-светлото на безжичниот сабвуфер ќе светне зелено.

Проверка на поврзувањето со LED-светлото на безжичниот сабвуфер

Може да го проверите статусот на врската, така што ќе ги погледнете LED-светилките на безжичниот сабвуфер.

LED боја

Статус

Трепка зелено

Поврзувањето е во тек

Зелено

Успешно поврзано

Црвено

Лошо поврзување, или сабвуферот е во подготвеност

Исклучено

Кабелот за напојување не е поврзан

Рачно поврзување на безжичниот сабвуфер

Ако видите црвено LED-светло на безжичниот сабвуфер, тоа значи дека звучникот во вид на лента не е поврзан со сабвуферот. Ако е ова случај, поврзете ги по следниов редослед.

  1. a Притиснете го копчето Напојување12424.png на звучната лента за да ја исклучите.
  2. b Притиснете го копчето PAIRING на задниот дел од безжичниот сабвуфер. Проверете дали LED-светлото на сабвуферот трепка зелено. Ако сѐ уште гледате црвено LED на безжичниот сабвуфер, притиснете го и задржете го копчето на задниот дел на сабвуферот повторно.

10435.png

4670.png

  1. c Притиснете го копчето Напојување12429.png на звучната лента за да го вклучите.
  2. d Кога поврзувањето е воспоставено, ќе видите дека LED-светлото на безжичниот сабвуфер ќе светне зелено.

6965.png

6957.png Забелешка

  • Инсталирајте ја звучната лента колку што е можно поблиску до безжичниот сабвуфер. Колку е помало растојанието помеѓу звучната лента и безжичниот сабвуфер, толку е подобар квалитетот на звукот.
  • Осигурете се дека нема пречки помеѓу звучната лента и безжичниот сабвуфер.
  • За да спречите безжична интерференција, одржувајте растојание од најмалку 1 м помеѓу звучната лента или безжичниот сабвуфер и кои било периферни уреди кои генерираат силни електромагнетни бранови (пр. безжични пренасочувачи, микробранови печки и сл.).

6948.png

Како да деактивирате безжично мрежно поврзување(а).

Исклучете ја функцијата Автоматско Вкл./Искл. и исклучете го производот.

Истражување на производот