Wi-Fi звучник во вид на лента
Истражување на производот

Sound Bar Quick Guide

Истражување на далечинскиот управувач

Може да го користите далечинското да ги контролирате сите функции на производот, од вклучување/исклучување до овозможување кинематски звук.

15450.png

Замена на батерија

15466.png

Користи AA 1.5V батерии. Заменете ги двете батерии со ставање во далечинскиот управувач во согласност со наведените упатства.

  1. A Отворете го капакот за батерии на задниот дел од далечинскиот управувач.
  2. B Ставете ги батериите со краевите + и – да одговараат на ознаките.
  3. C Затворете го капакот за батерии.

Ризик од пожар или експлозија ако батеријата се замени со неправилен тип.

a

Вкл./Искл. 5071.png

Го вклучува/исклучува производот.

b

Јачина на звук 5081.png5096.png

Ја прилагодува јачината на звук.

c

Bluetooth спари 10474.png

Ви овозможува да го спарите вашиот Bluetooth уред како паметен телефон со овој производ за три минути. ([ Видете “Поврзување преку Bluetooth на страница 39.)

d

Звучни ефекти 5121.png

Притиснете го копчето да го изберете посакуваното поле на звук.

  • AI SOUND PRO: Вештачката интелигенција ги избира оптималните поставки за звук за да одговараат на вашата содржина.
  • STANDARD: Можете да уживате во подобрениот звук.
  • CINEMA: Репродуцира содржина со 3Д звук сличен на кино сала.
  • CLEAR VOICE PRO: Ја подобрува јасноста на гласовите.
  • SPORTS: Реален звук како на стадион.
  • MUSIC: Можете да уживате во подобар звук оптимизиран за музика.
  • GAME: Оптимизиран звук за игра.
  • BASS BLAST (BASS BLAST+): Звуците на бас се засилени.

e

Прилагодување на звукот 5158.png

Ова го прилагодува нивото на звук на поврзаниот звучник. Притиснете го копчето Прилагодување на звукот5171.png и потоа копчето Лево/Десно да го изберете посакуваниот звучник пред да го притиснете копчето Нагоре/Надолу за да ја зголемите/намалите јачината на звук. Прилагодливите звучници и опсегот на прилагодување се како што следува:

  • WF (Сабвуфер): -15 - 6
  • C (Централен звучник): -6 - 6
  • OVC (Горен звучник): -6 - 6
  • R (Заден звучник): -6 - 6
  • TRE (Високи тонови): -6 - 6
  • MID (Cредно ниво) : -6 - 6
  • BAS (Бас): -6 - 6
  • Приспособувањето на нивото на сабвуферот и задните звучници се применува само кога се поврзани сабвуферот и задните звучници.

f

Беззвучност 5196.png

Ова го исклучува звукот на производот.

g

Функција 5211.png

Неколкупати едноподруго притиснете го копчето да го изберете посакуваниот режим на внес или функција.

h

Информации 5225.png

Видете информации за поврзаниот влезен извор, Wi-Fi мрежа или Bluetooth.

  • Wi-Fi: Име на поврзана апликација
  • BT: Име на поврзаниот Bluetooth уред
  • OPT/ARC/E-ARC/HDMI: Тековен извор на звук
  • USB: Тековно име на датотека за звук

i

Нагоре/Надолу/Лево/Десно 5248.png

Ова копче се користи кога ги прилагодувате поставките на соодветните функции.

5261.png

Нагоре/Надолу: Ова лизга помеѓу папките на УСБ-меморискиот уред. Може да го притиснете копчето да ја изберете посакуваната папка.

Лево/Десно: За да ја репродуцирате претходната песна, притиснете го копчето Лево. За да ја репродуцирате следната песна, притиснете го копчето Десно.

j

Репродуцирај/Паузирај 5275.png

За да репродуцирате или паузирате песна, притиснете го ова копче.

  • Кога слушате музика на УСБ-мемориски уред, може да изберете режим на репродукција со притискање на копчето 3 секунди или подолго, а потоа притиснете Нагоре/Надолу да ја изберете посакуваната опција Повтори.
  • OFF: Ги репродуцира датотеките по ред, потоа ја завршува репродукцијата
  • ONE: Повторливо ја репродуцира тековната датотека
  • FOLDER: Ги репродуцира само датотеките во папката во серија
  • ALL: Ги репродуцира сите датотеки во серија
  • SHUFFLE: Репродуцира датотеки по случаен избор се додека не се репродуцираат сите датотеки, а потоа ја завршува репродукцијата

k

Поставки 5297.png

Ви овозможува да ги прилагодите поставките за овој производ. AUTO POWER, SURROUND, NIGHT TIME, DISPLAY. Притиснете го копчето Поставки5305.png и изберете ја поставката со користење на Лево/Десно копчето пред да го притиснете копчето Нагоре/Надолу за да ја вклучите/исклучите поставката.

  • AUTO POWER: Кога телевизорот или некој надворешен уред е вклучен или икллучен, производот исто така автоматски ќе се вклучи или исклучи. Достапно е само кога производот е поврзан на телевизорот со оптички кабел или Bluetooth. ([ Видете “Користење Auto Power на страница 27.)
  • SURROUND: Функцијата опкружувачки звук ви овозможува да слушате сеопфатен 3D звук произведен од повеќе аудио канали од звучниците, без оглед на каналите во оригинално снимената содржина. ([ Видете “Вклучување/Исклучување опкружувачки звук на страница 11.)
  • NIGHT TIME: Ова ја намалува вообичаената јачина на звук, но ја зголемува јачината на нежни и деликатни звуци. Ова е корисно кога уживате во музика или филм доцна во ноќта. ([ Видете “Користење Ноќен режим на страница 28.)
  • DISPLAY: Екранот за статус може да се контролира автоматски, да биде вклучен и исклучен. ([ Видете “Користење на екранот на страница 29.)

Разни поставки за практичност