Sound Bar Quick Guide
Правилно и лесно користење
1. Поврзување паметен телефон со слушалки преку Bluetooth ([ Погледнете во „Поврзување на паметен телефон со слушалките преку Bluetooth“ на страница 10.)
- a Отидете до апликацијата за нагодување [/] на паметниот телефон. Потоа изберете Bluetooth и вклучете ја функцијата Bluetooth. ( Исклучено > Вклучено)
- b Отворете го капакот со слушалките прицврстени на куќиштето за полнење. Ќе почне да трепка синиот индикатор за статус на батеријата што се наоѓа во предниот дел. Ако синото светло на индикаторот за статус на батерија не трепка, или ако сакате да поврзете друг уред покрај оној што веќе е поврзан, допрете и задржете ја таблата за допир на левата или десната слушалка 3 - 5 секунди.
- c Кога ќе се појави скок-прозорец за поврзување на Брзо спарување, на долниот дел од екранот на паметниот телефон, допрете го скок-прозорецот за да поврзете.
- d Ако скок-прозорецот за поврзување не се појави, тогаш пребарајте [TONE-T90Q] во Bluetooth® менито на паметниот телефон и допрете на него.
- TONE-T90Q_LE не е валидно име на модел за поврзување во списокот на уреди за поврзување со Bluetooth®. Проверете го името на моделот што го користите и поврзете се со името на моделот што не содржи „LE“.
2. Користење слушалки со функција за допир ([ Погледнете во „Слушање музика“, „Примање телефонски повик“ и „Слушање амбиентален звук/Активно откажување на бучава (ANC)“ на страници 13, 14 и 15.)
Може да ги допрете слушалките за да репродуцирате или паузирате музика или да примите или одбиете телефонски повик. Може да промените како функционира функцијата во поставките на таблата за допир на апликацијата LG TONE Free.
Примање телефонски повик
Како се користи |
Повикување |
Допрете еднаш |
Примање повици |
Допрете два пати |
Завршување повици |
Допрете и задржете |
Одбивање повици |
Слушање музика
Како се користи |
Репродуцирање |
Допрете еднаш |
Репродуцирај/Паузирај |
Допрете два пати |
Намалување јачина на звук (лев допир) Зголемување јачина на звук (десен допир) |
Допрете три пати |
Следна песна |
Поврзување со надворешен уред за користење (Режим за приклучок и Безжичен режим)
Како се користи |
Режим за приклучок и Безжичен режим |
Допрете еднаш |
Исклучување или вклучување звук |
Допрете два пати |
Намалување јачина на звук (лев допир) Зголемување јачина на звук (десен допир) |
Допрете три пати |
Репродуцирање следна песна (Поврзување со USB-аудио уред) |
- Ако го поврзете куќиштето за полнење со аналоген уред, функцијата трикратен допир нема да функционира.
- Поврзете го куќиштето за полнење со USB-аудио уред, а потоа допрете еднаш за да репродуцирате/паузирате музика.
Слушање амбиентален звук/Активно откажување на бучава (ANC)
Како се користи |
Слушање амбиентален звук/Активно откажување на бучава (ANC) |
Допрете и задржете |
Променете ја функцијата |
3. Поврзување со надворешен уред за користење (Режим за приклучок и безжичен режим) ([ Погледнете во „Поврзување и прекинување врска со аналоген уред“ и „Поврзување и прекинување врска со USB-аудио уред“ на страници 17 и 19.)
Може да го поврзете куќиштето за полнење на аналоген уред (аудио уред во авионско седиште, лента за трчање, касета, радио, ТВ и сл.) или USB-аудио уред (персонален компјутер) за да слушате звук преку слушалките.
Како да поврзете аналоген уред
- a Поврзете ја USB-C™ портата од испорачаниот USB-C™ преку AUX кабелот со куќиштето за полнење.
- b Поврзете го AUX-терминалот со посакуваниот уред.
- c Слушалките носете ги на уши.
- d За да го вклучите режимот, поместете го надесно копчето за префрлање помеѓу Режим за приклучок и Безжичен режим. Индикаторот на куќиштето за полнење трепка зелено.
- e Кога куќиштето за полнење ќе се поврзе со безжичните слушалки, индикаторот се исклучува.
* За да го исклучите надворешниот уред, поместете го налево копчето за префрлање помеѓу Режим за приклучок и Безжичен режим. Индикаторот на куќиштето за полнење трепка сино и уредот повторно се поврзува со уредот што бил претходно поврзан.
* Ако не можете да најдете уред кој претходно бил поврзан, тогаш влегува во Режим за поврзување.
* Кога е поврзан со аналоген уред, функцијата за повикување не е поддржана.
Како да поврзете USB-аудио уред
- a Поврзете го USB-C терминалот на испорачаниот USB Type-C™ кабел за полнење и пренос на податоци со куќиштето за полнење.
- b Поврзете го USB-A терминалот со саканиот уред.
- c Слушалките носете ги на уши.
- d За да го вклучите режимот, поместете го надесно копчето за префрлање помеѓу Режим за приклучок и Безжичен режим. Индикаторот на куќиштето за полнење трепка зелено.
- e Штом футролата за полнење ќе се поврзе со безжичните слушалки, зелениот индикатор се исклучува и се прикажува статусот на полнење на куферот.
* За да го исклучите надворешниот уред, поместете го налево копчето за префрлање помеѓу Режим за приклучок и Безжичен режим. Индикаторот на куќиштето за полнење трепка сино и уредот повторно се поврзува со уредот што бил претходно поврзан.
* Ако не можете да најдете уред кој претходно бил поврзан, тогаш влегува во Режим за поврзување.
4. Полнење ([ Погледнете во „Жичано полнење“, „Безжично полнење“ и „Објаснување за UVnano“ на страници 21, и 22.)
Жичано полнење
Поврзете го кабелот за полнење за да го наполните куќиштето за полнење во кое се слушалките. Безжичните слушалки и куќиштето за полнење се полнат истовремено.
- Ако го полните уредот додека се прикачени слушалките и капакот е затворен, тогаш UVnano LED ќе работи 10 минути.
Безжично полнење
Поставете го куќиштето за полнење во центарот на безжичниот полнач.
- Ако полните безжично, се врши UVnano стерилизација во рок од 10 минути, а потоа започнува полнењето.
|
> Внимание |
|
5. Поврзување на апликацијата LG TONE Free ([ Погледнете во „Поврзување со апликацијата LG TONE Free“ на страница 25.)
- a Побарајте ја „LG TONE Free“ на Google Play Store или App Store на паметниот телефон или скенирајте го QR-кодот подолу за да ја инсталирате апликацијата LG TONE Free.
- b Активирајте ја апликацијата за да користите различни функции (проверка на батеријата на слушалките, гласовно известување, менување на режимот на изедначување, проверка на информациите за последната поврзана локација, пребарување на моите безжични слушалки итн.). Поддржани се само Android 7.0 или iOS 13 или понови верзии.
<Android>
<iOS>
Содржина
Брз водич
2 Правилно и лесно користење
Истражување на производот
8 Куќиште за полнење
9 Слушалки
Поврзување со Bluetooth за користење
10 Поврзување на паметен телефон со слушалките преку Bluetooth
11 Повеќе поврзувања
11 Автоматско повторно поврзување
Слушање звук преку слушалките
12 Носење на безжичните слушалки
13 Слушање музика
14 Примање телефонски повик
15 Слушање амбиентален звук/Активно откажување на бучава (ANC)
Поврзување со надворешен уред за користење (Режим за приклучок и Безжичен режим)
17 Поврзување
17 Поврзување и прекинување врска со аналоген уред
19 Поврзување и прекинување врска со USB-аудио уред
Полнење
21 Жичано полнење
21 Безжично полнење
22 Објаснување за UVnano
23 Проверка на статусот на батеријата
Поврзување со апликацијата Bluetooth
25 Поврзување со апликацијата LG TONE Free
Безбедносни мерки
26 Безбедносни известувања и предупредувања
27 Мерки на претпазливост при користење на производот
Нешта кои треба да се проверат пред да се пријави неправилно работење
28 Решавање проблеми
Додаток
29 Спецификации за производот
Безбедносни информации
30 Спречување загуба на слух
30 Дополнителни информации
30 Изложеност на радиофреквенција
31 Мерки на претпазливост при Bluetooth поврзување
31 Информации за батерија
31 Регистрирани трговски ознаки и лиценци
32 Известување за софтвер со отворен код
Истражување на производот