Sound Bar Quick Guide
Проверка на проблеми
Ако се соочите со следниве симптоми додека го користите производот, проверете ги повторно. Возможно е тие да не претставуваат неправилно работење.
|
Не се доставува напојување.
|
- Безбедно вклучете го кабелот за напојување во ѕиден штекер.
- Проверете дали струјата работи.
- Проверете ја состојбата така што на истиот штекер за наизменична струја ќе приклучите други електронски уреди и ќе проверите дали работат.
|
|
Нема звук или има дисторзија на звукот.
|
- Јачината на звукот на производот или на поврзаниот Bluetooth уред може да е поставена на минимум. Приспособете ја јачината на звукот на производот или на поврзаниот Bluetooth уред на соодветното ниво.
- Користењето надворешен уред чиј звук е поставен на максимум може да создаде дисторзија на звукот. Намалете ја јачината на звукот на надворешниот уред за да го користите.
- Дали е активирана функцијата за исклучување на звукот?
- Ако на екранот за статус се појавува “MUTE”, вклучена е функцијата исклучување на звукот. Притиснете го Без звук
копчето на далечинскиот управувач за да го вклучите повторно звукот.
|
|
USB-меморискиот уред не е препознаен.
|
- Возможно е производот да не го поддржува податочниот систем на USB-меморискиот уред. Форматирајте го USB-меморискиот уред и повторно поврзете го. При форматирање, проверете го поддржаниот формат на USB-мемориски уред достапен за производот и изберете соодветен податочен систем. ([ Видете “Поврзување на производот со USB-мемориски уред” на страница 14.)
|
|
Bluetooth поврзувањето не успева.
|
- Проверете дали е вклучена поставката Bluetooth.
- Исклучете ја поставката Bluetooth и повторно вклучете ја на Bluetooth уредот.
- Погрижете се да нема пречки помеѓу производот и Bluetooth уредот.
-
Bluetooth спарувањето (поврзувањето) може да не успее во зависност од типот на Bluetooth уред и од опкружувањето.
|
|
Производот не работи нормално.
|
- Внимавајте бидејќи претходните поставки на производот може да се загубат.
|
|
Далечинскиот управувач не работи правилно.
|
- Кога користите далечински управувач, насочете го кон предната страна од производот.
- Користете го далечинскиот управувач во радиус од 7 метри од производот.
- Заменете ги батериите со нови како што е потребно.
|
Додаток