Wi-Fi звучник во вид на лента
Инсталирање на производот на LG TV

Sound Bar Quick Guide

Проверка пред да се инсталира на телевизорот

Овој производ може да го инсталирате на LG TV. Постојат два начина на монтажа: стоечка и ѕидна.

Прво проверете го следново.

  • Достапните модели се дадени во продолжение (55 инчи, 65 инчи и 77 инчи)
  • OLED77C2/OLED65C2/OLED55C2
  • OLED77C3/OLED65C3/OLED55C3
  • Потребни се повеќе од две лица
  • При склопување, погрижете се да бидат прицврстени сите испорачани завртки. Ако завртките не се силно прицврстени, производот може да се накоси или да се преврти, што ќе резултира со оштетување. Затегнувањето на завртките со прекумерна сила може да предизвика да се откачат поради абразија на спојката на завртката.
  • Може да биде тешко да поврзете надворешни уреди и кабли по монтирањето на ѕид. Прво, поврзете надворешен уред со правилниот кабел за поврзување на производот пред да го монтирате на ѕидот.
  • Имајте го на ум следново кога го монтирате производот на ѕидот. Во текот на постапката може да настане оштетување на производот или повреда.
  • Не ставајте предмети на горниот дел на производот монтиран на ѕид.
  • Цврсто осигурете го производот на ѕидот со користење завртки за прицврстување за тој да не падне.
  • Осигурете се дека е надвор од досегот на деца. Влечењето или тресењето на монтираниот производ може да доведе до негово паѓање.
  • Доколку е потребно, набавете HDMI кабли, оптички кабел или продолжен кабел со USB за да го поврзете soundbar-звучникот.

31770.png

> ВНИМАНИЕ

  • Со оглед на тоа дека производот е тежок, група од двајца или повеќе лица треба да работат заедно за да го подигнат или преместат производот.
  • Во спротивно, производот може да падне и притоа да предизвика повреда или оштетување на самиот производ.
  • Не им дозволувајте на децата да го тегнат телевизорот или да се качуваат на него.
  • Во спротивно, телевизорот може да падне и притоа да предизвика повреда или смрт.
  • Не го монтирајте производот на нестабилна локација, локација со вибрации или на локација што не обезбедува безбедна поддршка на производот, како што е на пример врз некоја разнишана полица или на полица со наклон.
  • Во спротивно, производот може да падне или да се преврти и притоа да предизвика повреда или дефект на самиот производ.
  • Ставете го производот на рамна, тврда површина.
  • Во спротивно, производот може да падне и притоа да предизвика повреда.
  • Погрижете се да не ја оштетите надворешноста на производот кога го преместувате или ракувате со производот монтиран со држач.
  • Доколку има нечистотии или отпечатоци од прсти на надворешноста на производот, само лесно избришете ја областа со нечистотиите или отпечатоците од прсти.
  • Не употребувајте прекумерна сила кога ги отстранувате нечистотиите. Употребата на прекумерна сила може да доведе до гребнатини или промена на бојата на надворешноста на производот.
  • Кога го монтирате држачот за производот, ставете го производот на маса или на рамна површина така што неговиот екран да биде свртен надолу. Кога го правите тоа, прво ставете мека крпа на површината за да спречите оштетување на екранот.
  • Кога го монтирате држачот за производот, проверете дали сите завртки се затегнати до крај. (Доколку не се, производот може да падне откако ќе се монтира.) Не ги затегнувајте завртките со употреба на прекумерна сила. Во спротивно, завртките може да се олабават или да испаднат поради абење на зашрафените делови.
  • Пред да монтирате наклонет ѕиден носач за телевизорот, демонтирајте го држачот или ѕидниот држач за телевизорот во обратен редослед на начинот на којшто го монтиравте. Начинот на монтирање на држачот или ѕидниот држач за телевизорот е даден во упатството за употреба на телевизорот.

Компоненти за инсталирање со телевизорот

Звучна лента

23473.png

Плочка за шрафовите

  • за телевизор од 77 инчи
  • за телевизори од 55 и 65 инчи

23464.png

Држач за спојување со ТВ (преден)

23455.png

Држач за спојување со ТВ (заден)

23447.png

Завртки a

23434.png

Завртки b

23423.png

31827.png

> ВНИМАНИЕ

  • Никогаш не ги употребувајте повторно завртките од држачот за телевизорот. Користете ги само завртките обезбедени со soundbar-звучникот.