LG TONE Free
Безбедносни мерки

Sound Bar Quick Guide

Безбедносни известувања и предупредувања

Следниве безбедносни мерки служат за да се спречат неочекувани опасности или штети, затоа внимателно прочитајте ги.

Безбедносните мерки се делат во две категории - „предупредување“ и „внимание“.

. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Непочитувањето на упатствата може да резултира со сериозни повреди или смрт.

> Внимание: Непочитувањето на упатствата може да резултира со минорни повреди или оштетување на производот.

. Предупредување

  • Не испуштајте го производот од високо место.
  • Уверете се дека производот не доаѓа до контакт со алкохол или бензин.
  • Не ставајте го производот на влажно и правливо место.
  • Не ставајте тешки предмети врз производот.
  • Слушалките се тестирани во контролирани лабораториски услови со оценка IPX4. Отпорен на прскање со вода. Да се исуши пред користење. Да не се полни додека е влажен. Куќиштето не е тестирано за IPX4.

> Внимание

  • Не расклопувајте, не приспособувајте и не поправајте го производот.
  • Не ставајте го производот во близина на прекумерна топлина или запаливи материјали.
  • Производот може да се оштети ако се користи некомпатибилен полнач.
  • Ситните делови на производот чувајте ги надвор од дофат на деца.
  • Погрижете се да не влегуваат страни тела во конекторите на полначот (портата за полнење на куќиштето и приклучокот за напојување). Ако навлезат страни тела во конекторите на полначот, може да дојде до пожар или струен удар.
  • Ако имате вградено медицински уред, контактирајте со докторот пред да го користите уредот.
  • За ваша безбедност, не вадете ја батеријата вградена во производот.
  • Овој производ има вградена батерија и батеријата не може да се извади или замени.
  • Ако самоволно ја смените батеријата или не ја смените правилно, таа може да експлодира.
  • Литиум-јонската батерија е опасна компонента која може да предизвика повреда.
  • Замената на батерија од неовластено професионално лице може да предизвика оштетување на вашиот уред.

> Внимание

  • Не фрлајте ја батеријата самоволно. Следете ги локалните процедури за фрлање батерии.
  • Со цел да се спречи непотребна потрошувачка на енергија, исклучете го уредот кога е целосно наполнет. Секогаш користете лесно пристапен штекер за полнење на уредот.
  • Постои ризик од пожар или експлозија ако батеријата се замени со неправилен тип.
  • Не складирајте и не транспортирајте при притисок понизок од 11,6 kPa и на надморска височина над 15.000 m.
  • Ако ја замените батеријата со несоодветен тип батерија, може се загрози заштитата (на пример, во случај на некои типови на литиумски батерии).
  • Ако батеријата се одложи во оган или во жешка рерна или преку механичко кршење или дробење на батеријата, може да доведе до експлозија.
  • Ако батеријата се остави во опкружување со исклучително висока температура, може да дојде до експлозија или истекување на запалива течност или гас.
  • Батерија подложена на екстремно низок воздушен притисок може да доведе до експлозија или истекување на запалива течност или гас.
  • Немојте невнимателно да фрлате стари батерии. Тоа може да предизвика експлозија или пожар. Начинот на фрлање може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Фрлете ги на соодветен начин.