Wi-Fi звучник во вид на лента
Истражување на производот

Sound Bar Quick Guide

Истражување на далечинскиот управувач

Може да го користите далечинското да ги контролирате сите функции на производот, од вклучување/исклучување до овозможување кинематски звук.

15450.png

Замена на батерија

15466.png

Користи AA 1.5V батерии. Заменете ги двете батерии со ставање во далечинскиот управувач во согласност со наведените упатства.

  1. A Отворете го капакот за батерии на задниот дел од далечинскиот управувач.
  2. B Ставете ги батериите со краевите + и – да одговараат на ознаките.
  3. C Затворете го капакот за батерии.

Ризик од пожар или експлозија ако батеријата се замени со неправилен тип.

a

Вкл./Искл. 5071.png

Го вклучува/исклучува производот.

b

Јачина на звук 5081.png5096.png

Ја прилагодува јачината на звук.

c

Bluetooth спари 10474.png

Ви овозможува да го спарите вашиот Bluetooth уред како паметен телефон со овој производ за три минути. ([ Видете “Поврзување преку Bluetooth на страница 49.)

d

Звучни ефекти 5121.png

Притиснете го копчето да го изберете посакуваното поле на звук.

  • AI SOUND PRO: Вештачката интелигенција ги избира оптималните поставки за звук за да одговараат на вашата содржина.
  • STANDARD: Можете да уживате во подобрениот звук.
  • CINEMA: Репродуцира содржина со 3Д звук сличен на кино сала.
  • CLEAR VOICE PRO: Чист звук на глас, го подобрува квалитетот на звукот на глас.
  • SPORTS: Реален звук како на стадион.
  • MUSIC: Искусете премиум технологија на звук од MERIDIAN.
  • GAME: Оптимизиран звук за игра.
  • BASS BLAST (BASS BLAST+): Звуците на бас се засилени.

e

Прилагодување на звукот 5158.png

Ова го прилагодува нивото на звук на поврзаниот звучник. Притиснете го копчето Прилагодување на звукот5171.png и потоа копчето Лево/Десно да го изберете посакуваниот звучник пред да го притиснете копчето Нагоре/Надолу за да ја зголемите/намалите јачината на звук. Прилагодливите звучници и опсегот на прилагодување се како што следува:

  • WF (Сабвуфер): -15 - 6
  • C (Централен звучник): -6 - 6
  • OVC (Горен звучник): -6 - 6
  • S (Сараунд (страничен) звучник): -6 - 6
  • R (Заден звучник): -6 - 6
  • ROV (Заден горен звучник): -6 - 6
  • RS (Заден сараунд (страничен) звучник): -6 - 6
  • TRE (Преден звучник (високи тонови)): -5 - 5
  • BAS (Преден звучник (бас)): -5 - 5
  • Регулирањето на јачината на задните звучници се применува само кога се поврзани задните звучници.

f

Беззвучност 5196.png

Ова го исклучува звукот на производот.

g

Функција 5211.png

Неколкупати едноподруго притиснете го копчето да го изберете посакуваниот режим на внес или функција.

h

Информации 5225.png

Видете информации за поврзаниот влезен извор, Wi-Fi мрежа или Bluetooth.

  • WI-FI: Име на поврзана апликација
  • BT: Име на поврзаниот Bluetooth уред
  • OPT/ARC/E-ARC/HDMI1/HDMI2: Тековен извор на звук
  • USB: Тековно име на датотека за звук

i

Нагоре/Надолу/Лево/Десно 5248.png

Ова копче се користи кога ги прилагодувате поставките на соодветните функции.

5261.png

Нагоре/Надолу: Ова лизга помеѓу папките на УСБ-меморискиот уред. Може да го притиснете копчето да ја изберете посакуваната папка.

Лево/Десно: Ако ја репродуцирате претходната песна, притиснете го копчето Лево. Ако ја репродуцирате следната песна, притиснете го копчето Десно.

j

Репродуцирај/Паузирај 5275.png

Ако репродуцирате или паузирате песна, притиснете го ова копче.

  • Кога слушате музика на УСБ-мемориски уред, може да изберете режим на репродукција со притискање на копчето 3 секунди или подолго, а потоа притиснете Нагоре/Надолу да ја изберете посакуваната опција Повтори.
  • OFF: Ги репродуцира датотеките по ред, потоа ја завршува репродукцијата
  • ONE: Повторливо ја репродуцира тековната датотека
  • FOLDER: Ги репродуцира само датотеките во папката во серија
  • ALL: Ги репродуцира сите датотеки во серија
  • SHUFFLE: Репродуцира датотеки по случаен избор се додека не се репродуцираат сите датотеки, а потоа ја завршува репродукцијата

k

Поставки 5297.png

Ви овозможува да ги прилагодите поставките за овој производ. AUTO POWER, SURROUND, NIGHT TIME, TV REMOTE, DISPLAY. Притиснете го копчето Поставки5305.png и изберете ја поставката со користење на Лево/Десно копчето пред да го притиснете копчето Нагоре/Надолу за да ја вклучите/исклучите поставката.

  • AUTO POWER: Кога телевизорот или некој надворешен уред е вклучен или икллучен, производот исто така автоматски ќе се вклучи или исклучи. Достапно е само кога производот е поврзан на телевизорот со оптички кабел. ([ Видете “Користење Auto Power на страница 37.)
  • SURROUND: Функцијата опкружувачки звук ви овозможува да слушате сеопфатен 3D звук произведен од повеќе аудио канали од звучниците, без оглед на каналите во оригинално снимената содржина. ([ Видете “Поставување опкружувачки звук на страница 11.)
  • NIGHT TIME: Ова ја намалува вообичаената јачина на звук, но ја зголемува јачината на нежни и деликатни звуци. Ова е корисно кога уживате во музика или филм доцна во ноќта. ([ Видете “Користење Ноќен режим на страница 38.)
  • TV REMOTE: Оваа удобна функција ви овозможува да ја прилагодите јачината на звук на производот со далечинскиот управувач за вашиот ТВ. ([ Видете “Контролирање на производот со далечинскиот управувач за вашиот ТВ на страница 36.)
  • DISPLAY: Екранот за статус може да се контролира автоматски, да биде вклучен и исклучен. ([ Видете “Користење на екранот на страница 39.)

Контролирање на производот со далечинскиот управувач за вашиот ТВ

Јачината на звукот на производот може да се прилагоди со далечински управувач за LG телевизор како и за други брендови.

Фунции контролирани со далечински управувач за ТВ

Јачина на звук, исклучување/вклучување звук

Поддржани брендови на телевизори

LG, Panasonic, Philips, Samsung, Sharp Electronics, Sony, Toshiba, Vizio

Активирање/деактивирање на оваа функција

  1. a Притиснете го копчето Поставки5329.png. Производот влегува во режим на поставки и може да видите “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER”.

15485.png

15483.png

  1. b Додека “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER” се лизга на екранот за статус, притиснете го копчето Лево/Десно да изберете поставка за далечинскиот управувач за ТВ. Можете да го видите статусот на далечинскиот управувач за ТВ, “ON-TV REMOTE” или “OFF-TV REMOTE”.

15496.png

15494.png

  1. c Додека “ON-TV REMOTE” или “OFF-TV REMOTE” се лизга на екранот за статус, притиснете го копчето Нагоре/Надолу за да го вклучите или исклучите далечинскиот управувач за ТВ.

15507.png

15505.png

14991.png

14984.png Забелешка

  • Притиснете го копчето Поставки на далечинскиот управувач за ТВ да проверите дали аудио излезот на телевизорот е поставен на [Надворешен звучник].
  • Не може да го контролирате производот со далечински управувач за LG телевизор Magic.
  • Кога функциите SIMPLINK или Синхронизирање звук на телевизорот се вклучени, оваа функција може да не работи правилно. Притиснете го копчето Поставки на далечинскиот управувач за ТВ за да ја исклучите оваа функција.
  • Оваа функција може да не работи добро кога единицата и телевизорот се поврзани со HDMI кабел.

Користење Auto Power

Оваа функција автоматски го вклучува или исклучува производот кога телевизорот или надворешен уред е вклучен или исклучен.

Кога поврзаниот уред е вклучен, производот автоматски се вклучува и избира функција според влезниот сигнал.

Активирање/Деактивирање на функцијата Auto Power

  1. a Притиснете го копчето Поставки5433.png. Производот влегува во режим на поставки и може да видите “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER”.

15521.png

15519.png

  1. b Додека “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER” се лизга по екранот за статус, притиснете го копчето Нагоре/Надолу да ја вклучите или исклучите функцијата Auto Power.

15535.png

15533.png

Користење Ноќен режим

Ова ја намалува вообичаената јачина на звук, но ја зголемува јачината на нежни и деликатни звуци. Ова е корисно кога уживате во музика или филм доцна во ноќта.

Активирање/Деактивирање на функцијата Night Time

  1. a Притиснете го копчето Поставки5492.png. Производот влегува во режим на поставки и може да видите “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER”.

15545.png

15543.png

  1. b Додека “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER” се лизга по екранот за статус, притиснете го копчето Лево/Десно да ја изберете поставката Night time. Можете да го видите статусот на ноќен режим, “ON-NIGHT TIME” или “OFF-NIGHT TIME”.

15560.png

15558.png

  1. c Додека “ON-NIGHT TIME” или “OFF-NIGHT TIME” се лизга по екранот за статус, притиснете го копчето Нагоре/Надолу за да влучите или исклучите ноќен режим.

15571.png

15569.png

Користење на екранот

Екранот за статус може да се контролира автоматски, да биде вклучен и исклучен.

Опција

Екран за статус

AUTO

Стануваат придушени по 20 секунди откако ќе биде притиснато копчето.

ON

Секогаш се вклучени

OFF

Се исклучуваат по 20 секунди откако ќе биде притиснато копчето.

Активирање/деактивирање на функцијата екран

  1. a Притиснете го копчето Поставки22948.png. Производот влегува во режим на поставки и може да видите “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER”.

22887.png

22885.png

  1. b Додека “OFF-AUTO POWER” или “ON-AUTO POWER” се лизга по екранот за статус, притиснете го копчето лево/десно за да ја изберете поставката за екран. На екранот може да го видите статусот “AUTO-DISPLAY”, “ON-DISPLAY” или “OFF-DISPLAY”.

22875.png

22873.png

  1. c Додека “AUTO-DISPLAY”, “ON-DISPLAY” или “OFF-DISPLAY” се лизга по екранот за статус, притиснете го копчето горе/долу за да го смените екранот на поставката “AUTO” или да го вклучите или исклучите.

22862.png

22860.png

Поврзување на ТВ