Производот не работи правилно
|
- Исклучете ги каблите за напојување и сите надворешни уреди како што е телевизор, сабвуфер или засилувач од производот, а потоа повторно вклучете ги.
|
Напојувањето не се вклучува
|
- Дали струјниот кабел е правилно ставен во штекерот?
- Правилно поврзете го приклучокот за напојување со штекерот.
|
Нема звук
|
- Дали јачината на звукот е ставена на минимум?
- Притиснете го копчето Јачина на звук
 на далечинскиот управувач за да ја зголемите јачината на звук.
- Ако користите надворешен уред како сет-топ-бокс, преносен уред или Bluetooth уред, прилагодете ја јачината на звук на надворешниот уред.
- Дали е активирана функцијата за исклучување на звукот?
- Ако сите LED-светла треперат портокалово, тогаш е вклучена функцијата за исклучување на звукот. Притиснете го копчето Исклучување звук
за повторно да го пуштите звукот.
- Дали е избрана точната функција на производот според поврзаниот надворешен уред?
- Притиснете го копчето Функција
да проверите дали сте ја избрале точната функција.
|
Сабвуферот не произведува звук
|
- Дали производот е правилно поврзан на безжичниот сабвуфер?
- Ако LED-светлото на безжичниот сабвуфер трепка зелено или е осветлено црвено, значи дека не е поврзан. Ако е воспоставено поврзување, ќе се појави зелено светло. Повторно поврзете го производот на безжичниот сабвуфер. ([ Видете “Поврзување на производот” на страница 6.)
|
Далечинскиот управувач не работи правилно
|
- Кога користите далечински управувач, насочете го пред производот.
- Користете го далечинскиот управувач во радиус од 7 метри од производот.
- Заменете ги батериите со нови како што е потребно.
|
Функцијата Auto Power не работи.
|
- Проверете го поврзувањето на надворешните уреди (пр. сет-топ-бокс, преносен уред, Bluetooth уред).
|
LG Sound Sync не работи.
|
- Проверете дали вашиот телевизор поддржува LG Sound Sync.
- Проверете дали телевизорот е правилно поврзан на производот преку оптички кабел.
- Притиснете го копчето Поставки на далечинскиот управувач за ТВ да проверите дали е вклучена функцијата во [LG Sound Sync].
|
Јачината на звук на производот е слаба
|
- Проверете го следново и според тоа сменете ги поставките.
- Активирајте ја апликацијата LG ThinQ, допрете го копчето [Поставки за звукот] на првиот екрам и сменете ја функцијата [DRC] на [Исклучено] во менито [Излез на звук].
- Кога производот е поврзан на телевизорот, притиснете го копчето Поставки на далечинскиот управувач за ТВ, изберете го менито [Звучник] и сменете ја поставката [Излез на дигитален звук] од [PCM] во [АВТОМАТСКИ] или [БИТ-ПРОТОК].
- Ако производот е поврзан на уред за репродукција како DVD-репродуктор или Blu-ray репродуктор на дискови, одете во менито Поставки на поврзаниот уред. Сменете ја поставката [Излез на дигитален звук] од [PCM] во [ПРИМАРЕН ПРЕМИН] или [БИТ-ПРОТОК]. Поставете го [DRC] на поврзаниот уред на [ИСКЛУЧЕНО].
- Ако е вклучен Ноќен режим на производот, исклучете го со притискање на копчето Поставки
и Лево/Десно и потоа Нагоре/Надолу.
|
Производот не успева да препознае УСБ-мемориски уред
|
- Производот може не го поддржува форматот на датотека на УСБ-меморискиот уред. Форматирајте го УСБ-меморискиот уред и повторно поврзете го. Кога форматирате, погледнете ги форматите на УСБ-меморискиот уред поддржани од производот и изберете соодветен формат на датотека. ([ Видете “Поврзување на УСБ-мемориски уред” на страница 35.)
|
Bluetooth уредот не може да се спари
|
- Притиснете го копчето Поставки на Bluetooth уредот и проверете дали е овозможена Bluetooth функцијата. Ако Bluetooth е овозможено, исклучете го па вклучете го и потоа обидете се повторно.
- Отстранете ги сите пречки помеѓу производот и Bluetooth уредот.
-
Bluetooth спарување (поврзување) може да не работи правилно во зависност од типот на Bluetooth уред или опкружувањето.
|